Доста е од неправди и измами, време е да се исправиме и да исправиме сè. Ќе го вратиме достоинството на вработените во здравството и образованието, кои се сржта на државата!, вели во своето најново видео обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Се обврзуваме за поголеми плати за медицинските работници и овозможување за дополнителни часови работа во приватното здравство.
За образовните работници, наставниците и професорите ќе извршиме усогласување на платите со Колективниот договор во образованието, што ќе значи плати од 36.000 денари за просветните работници во основното и средното образование и плати од 100.000 во високото образование, додава Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.