Министерот за здравство Венко Филипче, како и претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски сметаат дека вирулентноста на вирусот паѓа, оправдувајќи го ова тврдење со фактот што се повеќе од новодијагностицираните немаат симптоми.
Врз основа на бројот на асимптоматски случаи. Огромен број од новодијагностицираните и по десет дена не покажале ни еден симптом. Исто така, оние кои се во болница, немаат тешки симптоми и не им е потребна механичка вентилација – рече министерот Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
Претходно, во својата презентација д-р Караџовски покажа дека од 10 нови случаи, седум се асимптоматски, што покажува дека се намалува вирулентноста на вирусот.
Сепак и двајцата инсистираат на тоа дека народот треба да разбере дека вирусот е жив, го има во Македонија и дека луѓето треба да се придржуваат до мерките, држење дистанца, негрупирање и носење маски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.