Во минатата академска 2019/2020 година, на прв циклус (додипломски студии) на факултетите и на високите стручни школи во земјава се запишале вкупно 51 734 студенти, што е помалку за 3,6 отсто во однос на академската 2018/2019 година.
Државниот завод за статистика врз основа на податоци добиени од пристигнатите извештаи, денеска објави дека според полот, поголем е процентот на запишани студентки, 57,1 отсто односно 29 515.
Најголем број студенти (85,3 проценти) минатата академска година се запишани на државните високообразовни установи, додека 14 отсто се запишани на приватните.
Прва година на студии во академската 2019/2020 година запишале 13 701 студент или 26,5 проценти. Тука се опфатени и студентите што втор, трет и повеќепати запишуваат прва година, соопшти ДЗС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.