Неколку дена трае потрагата по исчезната жена во кумановско Старо Нагоричане. Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето. Се сруши и куќата во која жената живеела со сопругот но таа не беше пронајдена.
Но,директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вели дека се надева оти таа е жива и оти успеала да избега од пожарот.
Навистина ваква небулозна изјава одамна нема никој дадено. Како е можно жената да избегала од пожарот и досега никој да не ја пронајде.Или можеби Стојанче мисли дека таа е „Рамбо“ и се крие во планините.
Немаме одговор дали жената е побегната и каде се наоѓа. Ќе почекаме истрагата да го каже последниот збор. Тоа е засега единствената потенцијална жртва. Ние изразуваме сочувство до сопругот и до семејството на жената доколку е почината. Но, некако одвнатре се надеваме дека е жива и дека успеала да побегне од огнената стихија“, рече Ангелов,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.