Пак се правела причест со исто лажиче и се бацувале крстови и луѓе седеле во Црква без маски и дистанца.
Се моли клерикот Оли еднаш во кариера да дозволи неговата институција да постапи неселективно и секуларно.
Како бе малку не ви е срам самите да не ги следите мерките, вашите коалициони партнери да не ги следат, вашите црковни партнери да не ги следат, и пак да излегувате пред камери и да зборите за правда, еднаквост и одговорност – коментира аналитичарот Ивор Мицкоски.
Претходно се појави информација дека по повод Божик во Соборниот храм причестувањето на верниците беше со иста лажичка.
-Светат причесна е од самиот Господ зошто тој рекол кој не јаде од моето тело и не пие од мојата крв нам да има живот вечно. Со причесната ние 2000 години сме се лекувале на крај крева и јас ја употребувам и верувајте ми дека нема да се заразиме може да ми измерите температура и ќе видите ќе бидам подобар од било кога.Не треба никој да се сомнева во причестата затоа ниту еден верник не се сомнева знаеме дека Господ делува и Господ помага, вели отец Сашо од Соборниот храм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.