Власта исклучително лошо ја менаџира епидемијата со коронавирусот. Венко Филипче наместо со здравјето на граѓаните се занимава со диктатите на Зоран Заев, на кој му се брза да го ублажи претстојниот пораз, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека наместо епидемијата да спласнува, како во повеќето земји од регионот, таа во Македонија се шири. Евидентирани се 17 новозаболени и двајца починати за 24 часа.
Дополнително, евидентен е хаосот, па така починати лица од коронавирус се кријат, па под притисок на јавноста се објавуваат после ден или два.
Граѓаните кои се тестираат од коронавирус чекаат со денови за резултати, а често се случува нивните резултати да се изгубат, па повторно да се тестираат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Поради неспособноста на власта и партиските калкулации на Заев и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е земја која најмалку тестира граѓани во регионот, а е рекордер по смртност на милион жители, повеќе од Албанија, Бугарија и Грција заедно.
Конфузијата на власта се плаќа со човечки животи. Колкава е конфузијата говори и фактот што заради лошите показатели од епидемиолошките анализи се бара продолжување на вонредната состојба, а од друга страна се инсистира на брзи избори на кој во матно би се намалил поразот по цена на здравјето.
Животот на граѓаните е поважен од политичката кариера на Заев и на Филипче. Прво Македонија ќе ја победи короната, а потоа ќе ги победи на избори Заев и Филипче, се вели во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.