Проф. д-р Драган Даниловски во колумна остро ги критикува новите мерки на Владата против новиот бран накоронавирусот.
Најмногу „здоболеа“ „мерките“ за несреќната потврда за примена само една доза и четириесет и петте дена за прележаните, како услови за уживање во животот. И овој пат ќе повторам: Епидемиолошка (и имунолошка) бесмислица! И на сите што умеат логично да размислуваат, јасно им е зошто. Само на колегите во Комисијата за заразни болести и Комитетот за имунизации (како да) не им е… Зошто?
Што се постигна со тие мерки? Ништо особено… Се зголеми донекаде бројот на заинтересирани за вакцинација… за да се втурнат во „живот“ веднаш утредента – со примена прва доза… Ама и оние со примена втора доза, се прашувам, се варделе ли во следните две, односно шест недели, за да им профункционира вакцината!? (Патем, зошто на секој вакциниран граѓанин не му се даде флаер, на лице место, со инструкции како да се однесува по примање на дозите?) Со тоа само се фаворизираше дневниот број на заразени! И револтот и гневот! Се испокаравме меѓу себе! И се исподеливме дополнително… А не моравме, истакнува докторот.
Целата колумна на следниот линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.