ВМРО-ДПМНЕ денеска ја започна својата кампања од Охрид, каде, како што пренесе претседателот на партијата Христијан Мицкоски, заедно со Игор Дурловски разговарале со охриѓани.

Се гледа нивната разочараност од неправдите кои ги имаме од оваа власт.
На овие избори граѓаните имаат два избора, Македонија или актуелната власт.
Од Охрид им порачуваме дека силно ќе победиме, нема да дозволиме ништо да нѐ поколеба. Нема простор за разочарување, туку за борба.
Македонија е со наведната глава и свтикана кичма. А, тоа е така затоа што сè што ветија, ништо не исполнија.

Време е за почит и развој. Време е за обнова и повеќе за секого. За насмеани лица и Македонија исправена и горда. Исправи се Македонијо и одбери обнова!, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.