Кога го читам Љупчо Николовски за наводните детали од средбата со државниот врв, се гледа дека освен за лажење, за друго не ги бива. А, со вакво лажење, нема да ме чуди ако излезат и со следни детали од средбата:
1. Љупчо Николоски на средбата се пофали дека Заев со “чесна работа и пот” го “спечалил” веќе 10-от милион преку продажба на свежо садена марихуана.
2. Заев изјави дека Шекеринска воопшто нема апсирации кон неговото столче и дека тој е неприкосновен монарх во СДСМ, се разбира до овој најнов пораз кон кој одат, по што ќе следи смена.
3. Дека Заев се чуствува некомотно, речиси и загрозен што Фросина Ременска напредувала високо во степенот на крадење, но сепак е далеку од првото место, а не може да биде и второ, Вице местото е зафатено одамна…
Се разбира овие работи не беа споменати, иако оставам простор и да се точни. Но, намерата ми беше да ја иронизирам леснотијата со која го пуштиле Љупчо да лаже за средбата. А, знаете нема поголема вистина од онаа народната “кој лаже и краде…пишува генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.