Коалициските партнери Алијанса за Албанците и Алтернатива не ја исклучува можноста да станат дел од владина коалиција во која би учествувала и ДУИ. Објаснуваат дека иако е тоа тешко, таквата опција не се исклучува.

Како коалиција ама и поединечно како партии комуницираме со сите политички партии а тие контакти ги одржуваме и денес. Засега нема ништо ново после официјалните резултати од ДИК. Следи период кога треба да почнат преговори за формирање Влада. Чекаме претседателот на државата да го предаде мандатот по што и мандатарот ќе ги почне преговорите за формирање на новата Влада воедно и тој одлучува со кој ќе коалицира – изјави Шефик Дураку oд коалицијата АА и Алтернатива



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.