Министерот за здравство, Венко Филипче на денешата прес-конференција информираше за состанокот со претходните министри за здравство во врска со проектот за новиот Клинички центар, со цел да споделување на искуство, некои сознанија, перспективи и предизвици со кој што секој се соочувал во својот дел од мандатот, при што заклучиле дека се освен изградба на нов Клинички центар е парцијано решение.

Прашањето за изградба на нов Клинички се одолговлекува повеќе од 15 години и мислам дека граѓаните заслужуваат конечно тоа прашање се реализира. Постигнавме консезуз дека само изградба на нов Клинички центар, на ново место, и дека само такво решение нуди нов тип на здравствена услуга како што се нуди на секаде во светот, изјави Филипче.

Министерот рече дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ е некоректно, дека немаат право да ја кратат таа можност за граѓаните, притоа вели дека може слободно да се разговара на оваа тема, меѓутоа отсуството на дискусијата, блокирањето на законот со 2.000 амандмани кои што не се конструктивни е нешто што смета дека е навистина неоправдано и е злоупотреба на политичката позиција.

– Повторно апелирам да дојдат, да се охрабрат, да разговараме, дали тоа ќе на Комисијата за здравство во Собранието или на јавна дебата која ќе биде огранизирана на крајот на месецот во Собранието и на која ќе учествуваат сите чинители и кои треба да дадат мислење за ова прашање. Сепак сметам дека граѓаните заслужуваат ги знаат фактите, што е тоа што предвидува да има во новиот Клинички центар, што треба има за таа сума на средства и што тоа значи и за следните 50-60 години пред нас во делот на развојот на здравството – истакна mинистерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.