Плакати на кои е испшано „Сè додека нема одговорност за 14-те жртви во тетовската болница, Тетово ќе нема мир“ осамнаа во градот под Шара.

Албанските портали „Струга лајм“ и „Тетова експрес“ објавија неофицијален список со имињата на 13 од 14 загинати пациенти во трагедијата која се случи на 8 септември годинава, а за која, по сè изгледа, никој нема да одговара.

Назлиша Адеми, 1963

Џемал Билали, 1966

Мукадесе Алија, 1943

Неврије Терзија, 1956

Хаки Емши, 1965

Расим Емши, 1992

Раиф Селмани, 1954

Ахтеме Исмаили, 1945

Ремзи Абдулаи, 1949

Ферди Шаќири, 1963

Селвије Идризи, 1952

Хасије Шехаби, 1969

Најмладиот загинат во болницата е 29-годишниот Расим Емиши.

Јавното обвинителство прво излезе со извештај за пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември.Во извештајот се потенцира дека огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период.

За ова придонел и фактот што во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите / просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот.

Со ова се потврдува она што го говореше ВМРО-ДПМНЕ дека лошиот квалитет на материјали кои се лесно запаливи придонело огнот брзо да се прошири.

Но, за обвинителството овој факт е неважен и се насочуваат на тоа од што настанал пожарот што во случајот е помалку важно од тоа зошто огнот толку брзо се проширил и лимената импровизирана болница изгоре за неколку минути.

Пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат-стои во извештајот на Обвинителството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.