Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за пожарите во малешевијата, за кои имавме помош од други земји.
Ангелов кажа дека граѓаните добиле погрешна слика дека Австријците го изгасиле пожарот, туку тоа го сториле сите, а таму имало многу други луѓе.
Некако се добива погрешна слика за пожарите. Австријците точно многу помогнаа, јас не сум неблагодарен. Ќе го изгасевме и ние, но на потешкиот начин. Мислам ќе изгореше повеќе шума. Таму имаше пожарникари од Србија, Бугарија, Романија, од Австрија, да не ги заборавам нашите пилоти, потоа мештаните таму и сите од други градови кои дојдоа да помогнат, рече Ангелов.
Целата изјава ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.