Ислам е името на бебето, на млада Авганистанка, која се породи на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, многу бргу по нејзиното пристигнување во Македонија, бјави Гласот на Америка на македонски јазик.
Машко е, ѝ е тешко 3 килограми и 200 грама. Таа е дел од првата група 149 жители на Авганистан, кој организирани дојдоа во земјата. Во чест на новороденчето, Црвениот крст, организираше дочек, со цел на овие луѓе да им се покажат и македонските обичаите кога на свет доаѓа ново бебе.
Беа направени 200 мекици и поделени за време на пладневниот ручек, помеѓу Авганистанците, кои се сместени во хотелот Белви во Скопје.
И мајката и бебето се добри и веќе се заедно во хотелска соба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.