Србија ја средила документацијата за вакцините на „Фајзер“ наменети за Македонија, па сега се чека само амин од компанијата вакцините да тргнат кон македонската граница. Од македонската влада за Телма информираат дека добиле потврда од српската влада дека ја комплетирале документацијата.

Во моментов се очекува во најбрз можен рок компанијата Фајзер да издаде документирано одобрување до Република Србија, после што веднаш ќе се реализира примопредавање. Откако вакцините ќе влезат во Република Македонија, ќе биде обезбедена домашна документација и за таа процедура не постои проблем, велат од владата.

Инаку сагата со доставата на вакцините „Фајзер“ од Србија за Македонија трае веќе еден месец откако беше најавена од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој денеска требаше лично да и ги испорача на македонската влада на граничниот премин Табановце. Откако цел месец се чекаше дозвола од „Фајзер“ за испорака како во секој добар трилер, неочекуван пресврт настана во последните минути, во овој случај на 15 часа пред испораката, кога прес-службата на српскиот претседателсиноќа 15 минути пред 23 часот соопшти дека компанијата „Фајзер“ им побара доополнителни технички документи, шест часа по завршувањето на работното време на канцеларијата на „Фајзер“ во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.