Оние кои не ги исполнија своите ветувања треба да дадат отчет зошто ги лажеа граѓаните истакна лиерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МРТВ 2 споменувајќи ја ветената канализацијата во Арачиново. Каде се проектите кој им ги вети Заев на граѓаните кои требаше да им го направат животот на Албанците подобар, запраша тој.
До каде е канализацијата во Арачиново? Сте слушнале? Јас не сум слушнал дека шајка е задената. Треба да молчиме? Не нема да молчиме затоа што ние се бориме не за оние Албанци во Владата и во функционерските столчиња, туку се бориме за оние Албанци во Желино, за Албанците во Теарце, во Тетово, во Чаир кој што имаат реални проблеми и ние ним им се обраќаме. Ние сме тука да понудиме решенија за вашите реални проблеми. А овие кои што ги изневерија вашите очекувања и фино залегнаа во фотелјите треба да дадат отчет зошто лажеа, заклучи тој.
Ние имаме принципиелна, искрена и честита реторика и таа реторика не ги дели граѓаните на Република Македонија на Македонци, Албанци, Роми, Турци, Власи, Срби, Бошњаци туку за нас сите тие споделуваат исти проблеми и исти маки. Но доколку очекувате…Еве примери неколку ќе би дадам. Знаете до каде е реновирањето на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово? Се сеќавате лани, градоначалничката излегуваше, министерот за образование велеше дека има средства, минатата година практично дека ќе отпочне реновирањето на гимназијата. Еве јас ќе ви кажам до никаде, тоа не постои. И никој не ги прашува градоначалничката и министерот зошто лажеа? Ние треба да молчиме само затоа што се Албанци? Па тие Албанци прават проблеми и на Албанци во тие општини, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.