Македонија за 3 години од власта на Заев доби три години хибриден режим, три години неспособност, криминал и сиромаштија, стои во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонската економија со владата предводена од СДСМ го допре дното.
Економијата во Република Македонија крахира, а граѓаните се доведени до питачки стап. Единствено што блеска се бизнисите на Заеви.

Поради лошото владеење на СДСМ денес имаме буџетската дупка, која што во само првите три месеци е 120 милиони евра, а за цела година истата ќе биде и до 1.3 милијарди.
Додека над 33.000 работници од угостителството се времено отпуштени од работа, додека секое семејство се задолжи за 15.000 денари, оваа криминогена влада стимулира отпуштање на работници и врти милионски суми од криминални тендери.
СДСМ успеа за три години да ја урниса државата и економијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.