Понудата на СДСМ за локалните избори е од лошо полошо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Братучедот на Оливер Спасовски во Куманово Оливер Илиевски стана кандидат за градоначалник. Додека султанот Заев го исклучи Максим Димитриевски зашто кажа дека СДС е киднапирана партија. Во Битола кандидат за градоначалник е Христо Кондовски Стентоно кој е кандидат затоа што е бизнис партнер со Вице Заев. Ако Струмица е на Вицевци, Кондовски од Битола ќе прави Стентонград.

Дополнително за Ѓорче Петров СДС го кандидира стариот, истрошен и корумпиран градоначалник Александар Наумовски кој ќе остане запаметен по набавката на машина за перење вредна неверојатни 50 илјади евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив понудата на СДСМ на овие избори е криминал и неспособност.

Оваа понуда е од лошо полошо, односно покрај дното СДСМ покажа дека постои дупло дно, се вели во утринското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.