Случајот што го покрена Обвинителството за аферата „Рекет“ за владејачката СДСМ е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција.

Според партијата, државата изградила институции и создала систем коишто се борат против корупцијата и криминалот. Со тоа, според СДСМ, сите се еднакви пред законите, а правда мора да има.

СДСМ ги охрабрува и ги повикува надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага, да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во нашата земја,соопштија од СДСМ.

Посочуваат дека правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.