Мрачниот брифер Христијан Мицкоски се сведе на рекла-кажала а отвори уста лаже – суши, мрачниот брифер Христијан Мицкоски веќе ни сам не си верува на лагите и дезинформациите, реагира СДСМ по денешниот брифинг на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој на новинарите им презентираше документи за, како што рече, рекет во РЕК Битола.

„Лаги од типот ‘барал средба за да не се сретне’ или, ‘му се сонило дека заработил 250 илјади евра’. Мицкоски се сведе на тоа штом отвори уста да лаже-сушти. Не му е прв пат на опседнатиот Мицкоски да изнесува лаги, невистини, конструкции за семејството на претседателот Заев. Но, тоа зборува за состојбата во којашто Мицкоски се наоѓа“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Впрочем, наведува партијата, во студија објавена од Европскиот парламент Христијан Мицкоски е наведен како извор на дезинформации.

„Може Мицкоски уште 100 пати да се обидува со измислени афери да ги лепи своите манири и манирите на Груевски на актуелната власт, ама лагата не му фаќа корен. Истуркан на маргините од страна на граѓаните, Мицкоски кукавички се крие од јавноста, наместо јавно на прес конференција, свикува тајни, мрачни брифинзи. Нема лице ни пред камери да излезе, веќе за народот да не му ја види пропаднатата лага. Но, народот ќе му ја чуе пропаднатата лага“, нагласуваат од СДСМ.

Мицкоски отвори нова афера – 250 илјади евра за Вице од Рек Битола – Република (republika.mk)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.