Очај и нервоза од претстојниот пораз владеат во СДСМ. Затоа мораат да лиферуваат лаги во соопштенија или скапо платени билборди. Народот тоа го препозна како лажна вест, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Лагите, неспособноста и криминалите на СДСМ и на Заев ја препознаваат веќе и коалициските партнери, но и самото членство. Впрочем самите членови веќе говорат дека Заев ја претворил СДСМ во приватна фирма која е целосно ставена во функција на неговите мафијашки и бизнис интереси. Лагите нема да му помогнат на СДСМ да го избегне катастрофалниот пораз, туку напротив ќе направат тој да биде поголем, порачуваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.