Како се приближува денот на избори, така се засилува и негативната кампања. Анктите покажуваат дека двајцата противкандидати Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски се многу близу еден до друг, а последните бројќи даваат предност на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Ваквата ситуација создава нервоза во штабовите, а тоа особено е впечатливо во штабот на СДСМ. Тие на финишот на првиот дел кампањата, пред првиот круг закажан за недела, 21 април, почнаа интензивно да го користат во кампања експремиерот Никола Груевски, надевајќи се дека на тој начин ќе влијаат на електоратот и ќе и земат или намалат некој глас на противкандидатката. Иако Груевски подолго време не е лидер на ВМРО-ДПМНЕ, иако тој доби азил во Унгарија и не е активен учесник во кампањата за Силјановски, СДСМ реши да го користи неговото име надевајќи се дека нивната „груевизам“ акција ќе им помогне да ја соборат Силјановска Давкова.

„Гласот за Гордана е глас за режимот и неправдите на Груевски“ – гласи билбордот кој осамна низ улиците на Македонија, а за кој се тврди дека е поставен од СДСМ. Еден од нив се наоѓа на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзална сала.  Ваквите билборди доаѓаат само неколку дена откако кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски ја нападна Силјановска Давкова за видео-спот кој бил навредлив за него. Силјановска Давкова посочи дека таа не била информирана за спотот пред истиот да биде објавен, по што побарала итно да биде избришан од секаде и никогаш повеќе да не се користи. Самиот Пендаровски вети дека ќе го избрака било кој член од неговиот штаб кој ќе објави навредлива и несоодветна содржина за противкандидатката Силјановска. Иако беше посочен пример за такво нешто, тоа не се случи.

Дали сега Пендаровски ги има видено билбордите и дали истите ги одобрил?! Извори блиски до СДСМ коментираат дека билбордите биле итно нарачани, откако последните внатрепартиско анкети покажале предност на Силјановска Давкова. Плашејќи се од пораз, кој би значел не само пораз за претседател, туку и предвремени парламентарни избори, како што вети лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тие избрале кампањата да добие поинаков смер, кој за многумина е апсурден и трагикомичен.

-Силјановска Давкова не е член на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е независен кандидат поддржан од оваа партија. Лидер на партијата која ја поддржува е Христијан Мицкоски. Смешно е и трагично што постојано го користат името на Груевски за да ја омаловажат, да ја набедат, да и остават некаква црна дамка. Во говорите, на прес-конференции, во соопштенија тие постојано го ставаат Груевски во кампања. Навистина непотребно и без никаква поента – коментираат ПР експертите, кои сметаат дека овие билборди се комплетно промашување и даваат слика на една панична реакција на владејачката партија.

Тие сметаат дека со Груевски не треба и не може да врзуваат жена која беше дел од професорскиот пленум и протестираше против одредени политики на Груевски. Силјановска Давкова во последната дебата јавно се огради од политиката на ВМРО-ДПМНЕ и кажа дека не ја поддржува во целост политиката на партијата која стои зад неа и дека во конкурсот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Република Македонија, не се барало таа да потпише дека во целост ќе ги прифати политиките на таа партија.

Со ваквиот потег СДСМ сама го наметна прашањето – ако власта е комотна како што тврди, зошто прави вакви панични потези на неколку дена пред гласањето?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.