Лагите се заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ, па така денеска продолжија со манипулативни изјави да пласираат исмислени конструкции во врска со набавката на кинеските вакцини против Ковид 19 – СДСМ реагира на пресот на ВМРО-ДПМНЕ на кој беше објавено дека Фантом фирмата Стабри Интернешенал преку која Заев и Филипче сакале да книжат провизии од кинеските вакцини е регистрирана на на 22 септември 2017 година, само 3 месеци по формирањето на владата на Зоран Заев во 2017 година.

Од СДСМ велат Позната шема Ла Верита, ВМРО-ДПМНЕ и блиски веб портали, за пласирање фалсификати, дезинформации, без никави докази, лажат дека преку фантом фирми и со провизии течела набавката на вакцините.

Вчера во јавноста објавија фласификуван документ, се расфрлаа со суми и наводни уплати, аванси за вакцини, денеска продолжија со лагите. Вистината е една – Министерството за здравство откако не доби повратен одговор директно од компанијата Синофарм, користејќи линкови и контакти успеа да договори набавка на 200 000 кинески вакцини од Синофарм. Тогаш Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина посочи дека тие директно ќе ја поврзат нашата земја со Синофарм и Владата го испочитува тоа.

На ВМРО-ДПМНЕ треба да му биде јасно дека помина времето на провизии и договри во четири очи. Набавката на вакцините против ковид е доверлива но во ниту еден случај не е коруптивна. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Владата и Министерството за здравство склучија договори со скоро сите понудени производители на вакцини против Ковид 19.
200 000 дози вакцини од Синофарм ќе стигнат во нашата земја, жалиме што на ВМРО-ДПМНЕ ќе им се исцрпат темите за празни прес-конференции – велат од СДСМ

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.