Пратениците на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ преку надлежната собраниска Комисија повеќе од три месеци блокираат законски измени со кои наставниците и стручните работници добиваат можности за постојано покачување на платите и подобар статус, велат од СДСМ.

Што и згрешиле на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ 4.700 наставници и стручни работници?

Дали тие им се виновни што Мицкоски нема идеја, став, план, програма, што нема понуда за граѓаните?

Блокадите и деструкциите не се политика.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ја опструираат работата на собраниската Комисија треба да се вразумат. Наставниот и стручен кадар е клучна алка во воспитно образовниот процес – се наведува во соопштение на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.