В понеделник по Конгресот на СДСМ ќе бидат познати изборните листи за престојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април. На огласот се пријавиле околу две илјади кандидати, по првичните селекции на локално ниво останале околу илјада и тие понатаму се селектираат на централно ниво на партијата, согласно анализите и анкетите, но и согласно препораките на селекционата комисија. Имињата на некои од кандидатите во одредени населени места се познати, но повеќето сè уште се во процес на избор за учество на листите.
Ова денеска на прес-конференција го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој додаде дека в понеделник во 16 часот ќе се одржи Централен одбор на партијата, а во 18:00 часот следи Конгресот.
За конечните листи ќе одлучиме в понеделник на Конгрес. Во 16 часот имаме Централен одбор, во 18 часот Конгрес. Викендов ќе ни биде работен, верувам дека до последно како стигнуваат анализите, анкетите, истражувањата, кои се водилка во извештаите во селекционата комисија, по што ќе се сублимира конечноста на одлуките поврзана со кандидатите. Ќе можеме да соопштиме во понеделник, некои места ги знаеме, но голем дел уште не се знаат, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.