Самиот факт што СДСМ му е портпарол на еден лик како Вице Заев, говори дека таа партија е претворена во приватна фирма на Заеви. СДСМ наместо да ги копира изјавите на Вице Заев треба да се огради од него. Очигледен е криминалот кој е направен во РЕК Битола, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека Вице Заев изнудувал 250.000 евра од бизнисмен и за тоа постои пријава. Исто така очигледна е спрегата власт на Заев – Обвинителство – полиција, бидејќи се гледа дека таа пријава е менувана се со цел да не стои името на Вице. Очигледно се потврдува изјавата дадена пред суд дека сите рекетирани пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека и покрај тоа што ги води аболициран криминалец, СДСМ треба да се охрабри и да му се спротивстави на Зоран Заев. Вака се окупирана партија која не може да се ослободи од криминалот на Заев.
По вчерашниот брифинг на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски братот на премиерот во изјава за „Фокус“ рече дека „обвинувањата на Хрстијан Мицкоски немаат врска со реалноста, станува збор за лага, измислица, креација во умот на човекот кој е опседнат со мене“.
Мицкоски очигледно мисли дека со тоа што ќе прави конструкции за мое оцрнување ќе му кажат дека е врвен политичар. Ако има комплекси некој човек, ако е опседнат со мене, не може тоа да биде мој проблем. Нема ништо вистина во ова што го зборува Мицкоски, затоа се крие зад брифинзи, се плаши од тужба. Да имаше бриферот Мицковски некаков доказ ќе го приложеше, ама нема. И самиот вели барале средба, а не се случила, вели Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.