Oткако двете партии излегоа со заедничко соопштение дека се блиску до договор, извори од СДСМ за „360 степени“ велат дека средбата Љупчо Николовски и Артан Груби не значи дека е постигнат договор
Повеќе медиуми вечерва јавуваат дека СДСМ и ДУИ веќе се договориле за формирање нова влада, пренесувајќи го писмениот став од СДСМ по денешната средба на нивниот генерален секретар Љупчо Николовски со Артан Груби од ДУИ. Во споменатиот писмен став, од СДСМ велат дека со ДУИ се согласни за повеќе принципи на кои треба да се темели „евентуалната заедничка владина програма“, но во него нема ништо за тоа кој ќе ја води владата, со оглед на барањето на ДУИ за премиер Албанец, макар и само во еден дел од мандатот на новата влада.
Извор од СДСМ вечерва за „360 степени“ вели дека писмениот став лиферуван по средбата Николовски-Груби не значи и дека е постигнат конечен договор за формирање влада. Истиот извор, сепак, не сакаше да открие во која фаза се преговорите и дали има и кои се евентуалните проблематични прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.