Помалку од девет отсто од кандидатите за градоначалници на локалните избори 2021 во Македонија се жени. Вкупно 25 жени и 272 мажи ќе се борат за градоначалничката функција во општините во Македонија.
Главна забелешка на организациите за заштита на правата на жените упатени до големите партии е дека овие избори се машки избори. Бројот на кандидирани жени за градоначалнички и во советите е незначителен во споредба со бројот на мажите или како што вели Софија Куновска, блиску до талибанскиот.
Овој исечок од настапот на кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари од СДСМ, Ферат Асан, е само уште еден сликовит приказ на начинот на кој СДСМ ги третира жените во политиката.
На ТВ-дебата употреби сексистички говор за да се пресмета со носителката на листа на советници, Фатима Османовска. Кандидатот ја нападна поради тоа што е жена, потенцирајќи дека требала да биде домаќина наместо да се занимавала со политика.
Сексизмот кон жените во политиката е груб обид тие да се обесхрабрат да учествуваат во донесувањето на одлуки и да се исклучат од јавниот живот, со цел задржување на позицијата на моќ и привилегија од страна на мажите во општеството.
Идејата дека местото на жените е во домот е застарена, навредлива, дискриминаторска идеја која придонесува кон исклучување на жените и регрес на целото општество. Наместо да употребуваат сексистички говор и да морализираат за тоа како жените треба да се однесуваат, мажите треба да направат место за жените во политиката, бидејќи имаме право на еднакво учество со самото тоа што сме граѓанки на оваа земја.
Местото на жената е секаде каде што се донесуваат одлуки, реагира Румена Бужаровска од Хелсиншкиот комитет.
За односот на власта кон жените, говорат и овие два случаи. Едниот од митинг одржан пред три недели во Кисела Вода, другиот од митинг за референдумот.
И на парламентарните избори лани ситуацијата не беше розова. СДСМ во предизборието промовираше еднакви права и обврски и за жените и за мажите. Но, како и секое ветување така и ова ветување на СДСМ не се реазлира. Не само што не го реализира, туку лидерот на СДСМ Зоран Заев и лажеше. Непосредно пред почеток на кампањата тој најави дека во секоја изборна единица СДСМ ќе има по двајца носители, маж и жена.
Ќе имаме двајца носители на листи, двајцата паралелно ќе го покриваат теренот. Тоа е еден нов квалитет, освен бројката од 50 отсто жени ќе имаме по една носителка на листа жена и по еден маж носител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.