Од СДСМ преку преку соопштение реагираат на снимката на која наводно се слуша како градоначалнкот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, тепа и малтретира вработен во општината.
Осудуваме било какво насилство, тоа е недозволиво и неприфатливо, одговорност мора да има. Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста. Моралните аспекти и личната совест, како и човечкиот интегритет се вредности кои подразбираат и одговорно однесување и делување. Одговорност мора да има, законите важат за сите подеднакво – велат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.