Аднан Џафероски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Долнени ги обвини ДУИ (коалиционен партнер на СДСМ) за 4 годишен башибозук во општината, која сега ја раководи градоначалникот Џемил Ќамили од ДУИ. Инаку за градоначалник на Долнени кандидати имаат истакнато и БЕСА, и ВМРО-ДПМНЕ, и Демократската партија на Турците

Денеска, заедно со потпретседателот на СДСМ и Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги посетивме жителите на Црнилиште, Лажани и Дебреште. Времето на башибозукот на актуелната локална самоуправа завршува на 17 октомври. На граѓаните на Општина Долнени им е доста од нивните лаги, манипулации и негрижа. Додека тие 4 години не мрднаа со прст да направат нешто за општината, јас се обврзувам од првиот ден да ги засукам ракавите и со поддршка од централната власт да почнеме чекор по чекор да ги решаваме проблемите на граѓаните.
Време е за нови улици, патишта, водоводи, канализации и речни корита. Време е за најдоброто за Долнени – вели Џаферовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.