Го решаваме слабиот притисок на вода во ниските зони на општината од Јурија до Хром, велат од СДСМ.

Како капитален проект од програмата ,,Најдоброто за мојата општина“ предвидовме изградба на нов резервоар за вода во месноста Оризарски рид.

Проектот е веќе изготвен од страна на Град Скопје преку јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и е со вредност од околу три милиони евра.

Анализите покажаа дека урбанизацијата и катноста на објектите не се пречка за дотокот на вода. Туку, наведените места се наоѓаат во ниска зона под нивото на течението на реката Вардар. Токму затоа потребен е нов резервоар. Реализацијата на овој проект се очекува да започне во 2022 година, а да заврши на почетокот на 2024 година.

Дополнително, Општината изготви проект за субвенционирање на пумпи за зголемување на притисокот на водата во објектите.

,,Најдоброто за мојата општина“ е програма која заедно ја креиравме со вас граѓаните.

Целиме кон подобро Ѓорче, а тоа го имаме само со заокружување на бројот 12.

12 е број за развојно Ѓорче, велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.