По повод големите христијански празници, Бадник и Рожденство Христово – Божиќ, генерлниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, во свое име и во името на партијата упати честитка до сите православни верници кои ги прославуваат, до поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан и до членовите на Синодот.
Дозволете да посакам во секој од нас да се роди добрина, љубов и човечка почит. Нека ве грее огнот на среќата, радоста и семејната топлина. Да се почитуваме, да дадеме придонес во негувањето на човековите вредности, многу значајни и за општеството кое сите ние заедно го градиме.
Нека е честит големиот празник Рожденство Христово – Божиќ! За многу години, Христос се роди!, стои во честитката на Кирацовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.