Гордана Сиљановска и Димитар Апасиев признаа дека со години работеле за интересите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, дека се дел од матрицата што работи против ЕУ и НАТО, против државните и национални интереси, реагираат од СДСМ по вчерашната средба на кандидатката за претседател на Македонија со правниот застапник на „Левица“.

Затоа, кандидатката на Христијан Мицкоски, Сиљановска до ден денес не го осуди груевизмот и неправдите на режимот, ниту пак го осуди криминалот на Никола Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Остана нејасно само дали Сиљановска е на иста линија со Апасиев и околу Мадуро.

Политичката линија на Апасиев и Сиљановска е линија на одбрана на криминалот, неправдата, изолацијата и поделбите, последната линија на одбрана на погубните политики на Никола Груевски.

Граѓаните нема да дозволат бранители на криминал, насилство и поделби да застанат на чело на државата, нема да дозволат личности како Сиљановска и Апасиев да ја вратат државата во изолација и конфликти.

На 5 мај граѓаните ќе изберат вистински претседател кој ќе обединува и ќе води напред кон ЕУ и НАТО, на 5 мај граѓаните масовно ќе гласаат за Стево Пендаровски, идниот претседател на државата – се вели во соопштението на владеачката партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.