Процесот на гласање за избор на претседател на СДСМ се одвива одлично во сите избирачки места, без попреченост на изборниот процес и без каков било застој. Од активно регистрираните вкупно 68.999 запишани членови во избирачкиот список до 12 часот своето право го искористиле и гласале 32.198 членови на партијата. Излезноста до 12 часот е 46 отсто, информираа на прес-конференција од Централната изборна комисија на партијата.

-Излезноста во Прилеп е 54 отсто, Тетово 47 отсто, Штип 37 отсто, Струмица 60 отсто, Ресен 45 отсто, Карпош 38 отсто, Ѓорче Петров 43 отсто, Кисела Вода 31 отсто, Делчево 58 отсто, Гостивар 36 отсто, Битола 39 отсто и Куманово 32 отсто.  Ова, според нас, е висок одѕив имајќи предвид дека станува збор само за четири часа од отворањето на гласачките места, велат од ЦИК на СДСМ.

Гласањето ќе трае до 19 часот и дотогаш ќе бидат отворени сите избирачки места. Вечер по завршувањето на целиот изборен процес Централната изборна комисија ќе информира за првичните резултати.  

Единствениот кандидат за претседател, актуелниот премиер и прв човек на партијата Зоран Заев гласаше во Струмица.

Според ЦИК, се почитуваат сите утврдени прописи за реализација на првите директни внатрепартиски избори, како и сите мерки и протоколи за заштита на здравјето од Ковид-19. Целиот процес е сосема безбеден за здравјето на сите учесници



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.