ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот на претседателот на партијата Христијан Мицкоски искажан денеска со статус на Фејсбук, изјави за Република портпаролот на партијата Наум Стоилковски во врска со предложенот кадровско решение на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи да биде назначен полковникот Драган Ковачки.

СДСМ се уште не нема известено официјално за ставот и одлуката. Но, несериозно е да се комуницира за олку важни теми преку соопштенија. Очигледно е дека на СДСМ му пречат професионалци. За сите идни одлуки ќе бидете навремено известени, вели портпаролот Стоилковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.