Видлива е нервозата и стравот на СДСМ од поразот кој им следува на изборите. Толку се изгубени во времето и просторот, што падот кај довербата на граѓаните си го замислуваат за успех.Граѓаните не веруваат на СДСМ, граѓаните се против криминалот, неспоспособноста, неработата и понижувањата кои ги приредуваат Заев и неговите компромитирани кадри.

Дека падот на СДСМ е неизбежен покажа и последната анкета на Националниот демократски институт на која ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ и тоа е силна порака дека народот не верува во лагите на дезертерот Заев и сака промени и нови и чесни кадри кои Македонија ќе ја направат подобро место за живеење – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие им се заблагодарија на СДСМ што, како што велат, птизнале дека ВМРО-ДПМНЕ настапува со нови и некомпромитирани кадри, наспроти нивните кадри на СДСМ кои, како што стои во партиското соопштение, се криминалци и неработници.

-Простотилак е да се поткупуваат гласови, простотилак е да се остават граѓаните во пожар и да се избега на плажа, простотилак е да се бара провизија за вакцини, простотилак законот за Заева марихуана. Простотилак се клупи од 500 евра, даска за 300 евра, кош за 250 евра, а плата во штипска Баргала од 2 денари. Ниту Шилегов, ниту кој било друг од останата банда на компромитирани кадри на СДСМ повеќе не поминуваат кај граѓаните и во СДСМ се свесни за тоа. Блиску е крајот на криминалците и неработниците од СДСМ, а потоа ќе следува и одговорност – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.