Една милијарда и 920 милиони денари поддршка за плати за месеците февруари и март 2021 година од утре ќе почнат да стигаат кај граѓаните!, велат од СДСМ. Додаваат дека усвоен е Петтиот пакет економски мерки, кој е наменет за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството.

Граѓаните, компаниите, ниту час повеќе не смеат да останат без помошта што им следува.

Доста беа уцени, блокади и лаги од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.

СДСМ и коалицијата направија СЀ граѓаните да ја добијат помошта која им следува.

ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата направија СЀ да ја блокираат помошта за народот.

Епилогот е јасен – Граѓаните победија, опозицијата повторно изгуби!, велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.