Владата на СДСМ сака да даде 600.000 евра преку два тендери објавени од Генералниот секретаријат за маркетинг услуги и рекламни кампањи, објави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што откри тој, станува збор за две канпањи, 300.000 евра за кампања за успешна вакцинација и уште 300.000 евра за кампања за спречување корупција.

Ниту едното ниту другото е успешно ниту на едното поле се работи ниту пак на другото поле се работи па за да се тера некаква кампања. 600.000 евра народни пари Заев, Филипче и Љупчо Николовски ќе ги дадат на маркетинг агенции, а кои се зборува веќе дека подоцна ќе им ја прават кампањата за локалните избори, потенцираше Арсовски.

Тој јавно прашува како ќе се потрошат овие 600.000 евра?

Ова е прашање кое што ја интересира јавноста и треба да се одговори.

Јавно прашуваме каде ќе завршат овие 600.000 евра и како ќе допрат до јавноста овие кампањи за кои што нели ќе се доделат парите, бидејќи се огромни пари, не се малку пари, ако се земе предвид дека Владата не смее да се рекламира?

Двојат 600.000 евра од Буџет за рекламни кампањи, кои се огромни пари и со нив се прави навистина сериозни кампањи, а јасно е дека нема да завршат тие пари за закуп на рекламен простор никаде, што е уште појасно дека од старт кампањите ќе бидат неуспешни и се само начин за крадење на државни буџетски пари.

Еве нека кажат каде ќе се рекламираат за 600.000 евра за овие две кампањи и за што ќе бидат наменети тие пари кои што ги даваат на тендер?, рече Арсовски.

Побара владата да каже по кој закон ќе се рекламира и каде ќе се рекламира со оваа сума на пари.

Бидејќи сите знаеме дека волкава сума на пари за две кампањи единствено може да се издвои доколку се рекламира некаде владата.

На пример со 600.000 евра ќе се купат 10 амбулантни возила кои што фалат низ градовите, наместо да ги испумпаат и украдат СДСМ овие пари од Буџет.

На пример исто така со 600.000 евра ќе се купат повеќе од 25.000 вакцини наместо граѓаните секојдневно да умираат.

На пример со 600.000 евра ќе се реконструираат градинки и училишта или некоја поликлиника бидејќи граѓаните немаат каде основните здравствени услуги да ги реализираат.

Јасно е, намерата на СДСМ со овие 2 тендера од 600.000 евра е само и само и единствено да се украдат парите и за сметка на овие државни пари да си ги платат кампањите кои им следат за локални избори.

Самите овие тендери за маркетинг и кампањи се основ за сериозна корупција и сериозен криминал. Вакви лопови почитувани граѓани како оваа гарнитура на СДСМ се срам за Република Македонија, порача Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.