Како што веќе пишуваше „Република“ за многу кусо време ќе почнат да се појавуваат анкети на кои СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев водат пред ВМР-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски за само неколку индексни поени. Иако ваквата мала разлика е занемарлива и влегува во опсегот на статистичка грешка, добро изменаџирана од пропангандата на СДСМ и на Владата, ќе биде солиден ветер во грбот на Заев да го окуражи разочараното членство.
Анкетата на М-проспект објавена денеска го покажува токму тоа. Во опсегот на статистичка грешка, доколку утре се оддржат избори, 22,1 отсто од граѓаните би гласале за СДСМ, а 20,4 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, односно 16,5 отсто од испитаниците имаат најголема доверба има во Зоран Заев, а 14,2 отсто му веруваат на Христијан Мицкоски.
Со оваа анкета М-проспект влегува во срамната шема на СДСМ, дотолку повеќе што истата агенција во јуни објави анкета во која ВМРО-ДПМНЕ води. Доколку утре се одржат парламентарни избори, 25 отсто од испитаниците се изјасниле дека би гласале за ВМРО- ДПМНЕ, додека за СДСМ би гласале 23,1 проценти.
Ако во јуни, на двегодишнината од работата на владата и пред објавување на аферата „Рекет“ и недобивањето датум за преговори предноста била на страната на ВМРО-ДПМНЕ, со денешната анкета М-проспект се обидува да прикаже дека граѓаните се согласуваат со: „Рекет“, недбивањето датум за преговори, „Рекет 2“, со кириминалната набавка на хеликоптерите, со аферата „Вирус“,со аферата „Инсулин“, со туркањето на Законот за јазиците и непочитувањето на мислењето на Венецијанската комисија, со митото за Вартоломеј и лажниот Порошенко…
Оваа анкета освен што е навреда за граѓаните, таа претставува и лажирање на вистината, која несомнено потекнува од кујната на „Бихаќка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.