Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за Законот за јавно обвинителство при што посочи дека тоа е всушност закон за амнестија на Зоран Заев и неслучајно Заев брза со овој закон. Имено тој укажа дека за овој закон има два индикативни моменти, и тоа:
-Првиот е што законот почнува да важи од 30.06.2020 година, значи нема да почне да важи од утре ако теоретски биде усвоен, но Заев брза да го усвои пред распуштањето на Собранието. Вториот индикативен момент е што Заев го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, експертите да го напишат законот при тоа овие експерти беа во најголем дел предложени од СДСМ на таа јавна расправа која што се случи во Собранието. Практично сега СДСМ бегаат од експертите кои самите ги предлагаат или во кои самите имаа доверба, а тоа е така затоа што пишуваат партиски закон односно личен закон, закон за заштита на Зоран Заев.
Николоски укажа дека за ВМРО-ДПМНЕ најспорен е членот 110 од овој закон и тоа практично значи дека сето она што го виде македонската јавност односно набавката на радарот од страна на Драги Рашковски кој беше за милион евра поскап од другата понуда која што била таму, за тепањето на луѓе од страна на градоначалникот на СДСМ, Рекет и сите останата индиции за криминал, потоа дека Зоран Заев со своето потесно и пошироко семејство како и бизнис пријатели поткупувале гласови во Струмица, во Штип, во Радовиш, согласно на овој член тие не можат да бидат процесуирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.