На промоцијата на кандидатот на СДСМ и на Коалицијата за градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов и советничката листа, пред присутните граѓаните се обратија градоначалникот на Струмица Коста Јаневски и носителот на листата за советници Марјан Даскаловски.

Имав можност да бидам дел од тимот на една од најуспешните општини, гледав како Струмица продолжува да расте и да се развива, сигурен сум дека има потенцијал да биде уште поубава и уште понапредна, вложуваме да го креираме најдоброто за идните генерации, истакна градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, додавајќи дека е време една нова генерација да зачекори и да го обликува своето утре за идните генерации.
Струмица испишува успешна приказна, верувам дека ќе продолжи така – нагласи градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.

Носителот на советничката листа за Општина Струмица Марјан Даскаловски истакна дека со СДСМ низ годините наназад, се совладани бројни бариери, прифатени безброј предизвици и извојувани значајни победи за доброто на граѓаните.

Ми претставува чест и огромно задоволство што повторно ја предводам кандидатската листа на советници на СДСМ и коалицијата. Тоа не е каква било листа, туку победничката листа на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври, листа која ќе го даде мнозинството членови во идниот Совет на Општина Струмица, и кои заедно со идниот градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов ќе го креираат развојот на нашата општина до 2025 година – порача Даскаловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.