СДСМ целосно одби употреба на фингерпринт терминали при попишување, со што ќе може да се попишат само оние кои се реално присутни, односно резидентно население, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека доколку власта сака статистика, тогаш немаше да има воопшто проблем со употреба на фингерпринт терминали.

Заев сака попис кој е однапред договорен, со испазарени бројки.

Заев ќе спроведува попис со едноставно диктирање на матични броеви без дополнителна проверка.

Дека СДСМ не сака реален попис е доказ и дека ги одбија сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, кои имаа за цел подобрување на законот за попис, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека сè што прави власта е на сила и на штета на граѓаните.

Дополнително на сè, власта не се откажува од пописот, иако во време на пандемија тој е исклучително опасен. Имено од попис се откажаа држави како Германија, Србија и други, но не и Заев.

После се разумот е последното нешто кое го очекуваме од Заев, но затоа го повикуваме претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за попис и да го спречи овој фалсификат во обид, се вели во партиското соопштение.

Од СДСМ велат дека пописот е статистичка операција и ќе се одржи на пролет, а ВМРО-ДПМНЕ нема тоа да го спречи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.