Процесот на самопопишување на македонските државјани во странство разоткри уште лага на СДСМ. Додека трае трој процес, власта на СДСМ „е горда“ на попишаните 60 илјади граѓани од дијаспората, иако во минатото го обвинуваше раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека поради нив во изминатите десетина години се иселиле над 600 илјади граѓани на Македонија.

Затоа, пак, министерот за надворешни работи Бујар Османи преку прес-конференција се пофали дека досега се попишале околу 60 илјади граѓани, најмногу од Швајцарија, Италија и Германија.

Бројот на наши попишани граѓани од дијаспората надмина 60 илјади. На прво место е Швјацарија со околу 16 илјади, што е една четвртина од очекуваните бројки, потоа следат Германија со 10 илјади, Италија со шест илјади, додека во Канада и Австралија имаме далеку послаби резултати, за што како одговорно Министерство преземаме дополнителни активности и повикуваме што поголем број да се охрабрат и одвојат неколку минути за овој процес – изјави Османи.

Во меѓувреме, СДСМ, која како опозиција во месец февруари 2016 година ја обвинуваа тогашната власт за масовното иселување, денес молчат пред бројките кои се вистински пораз за сите нивни лаги од тоа време.

Сега, по овие бројките на попишани граѓани од дијаспората СДСМ треба да одговори каде се 600-те илјади иселени лица што СДСМ ги изброи.

Србија го одложи пописот

Од владата на Србија соопштија дека ги усвоиле измените на Законот за попис, затоа што пописот планиран за во април, поради епидемиолошката ситуација, ќе биде одложен за периодот од 1 до 31 отомври.

Слично нешто, како одлуката ан Србија, препорача и д-р Андон Чибишев. Тој неодамна на својот Фејсбук профил напиша дека е многу опасно да има попис во ваква влошена епидемиолошка состојба.

Република Македонија во моментот се наоѓа во ковид агонија и вакцинална депресија. Надлежните во изминатиот период во неколку наврати многу грубо и неодговорно ја манипулираа (лажеа) јавноста дека епидемиолошката ситуација се смирува, дека ние сме една од најподготвените држави која успешно се справува со пандемијата, дека вакцини се нарачани, дека само што не стигнале , дека имунизацијата на населението ќе почне навреме – напиша д-р Чибишев.

Тој додаде дека со текот на времето јавноста разбра дека од тоа нема ништо и дека тоа бил само ефтин ПР на министерството за здравство и Владата.

И згора на тоа, веќе интензивно се вршат последните подготовки за спроведување на најавениот попис кој треба да започне на први април. Во меѓувреме, со објаснување дека заради неодговорност на граѓаните надлежните се принудени да воведат рестриктивна мерка, полициски час во периодот од 22 часот до 5 часот наутро. Значи, преку ден по домаќинствата ќе циркулираат стотици попишувачи кои на дневна основа ќе посетуваат по неколку домаќинства и ќе остваруваат контакти со повеќе лица, а притоа мора да напоменеме дека тие не се имунизирани, затоа што одговорните кои се всушност крајно неодговорни, не се потрудиле да ги имунизираат, заради нив и заради тие со кои во тие двесетина дена ќе бидат во контакт – констатира д-р Чибишев.

Според него, вака спроведениот попис ќе биде идеална можност за за влошување на епидемиолошката состојба и забрзана трансмисија на вирусот со несогледливи последици.

На Македонија и требаат рестриктивни мерки кои ќе дадат резултат и ќе ја стават под контрола пандемијата, а не полициски час во време кога надвор се движат само кучињата-скитници – вели Чибишев.

Докторот заклучува дека попис во ваква влошена епидемиолошка состојба не смее да има и дека е неопходно негово одложување подобри времиња, во интерес на здравјето и животите на граѓаните“.

Сепак, власта предводена од Зоран Заев сака да го протурка пописот на сила и да биде спроведен од 1 до 21 април идниот месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.