Прашањето кое најдиректно ни се наметнува е дали после копирање на сите инструменти на владеење на Груевски, власта на Зоран Заев конечно влегува во својата националистичка и ксенофобна фаза, и тоа го прави заради еродираниот политички консензус, пропаднатите ветувања и неуспешните економски и европски политики?!
Тоа го прават во време на локални избори и за спас на еден и онака очаен резултат.
Јасно е дека добро сфатиле оти грешките, пропустите и попуштањата кон Софија сериозно ја нагризла поддршката кај електоратот, па сега се обидуваат да превртат нешто што било државна политика, и тоа го прават заради партиските интереси на локални избори. Тоа се вика заробена држава!
Веројатно и одлично знаат дека за датумот и европската иднина нема да се одлучува во нивен мандат, па решија вака лесно и недржавнички да ја отфрлат досегашната нивна позиција и да заиграат на антибугарскиот сентимент.
За една работа СДСМ никогаш не била обвинувана, а тоа е дека е ксенофобна и националистичка, за жал со Заев и тоа дно е сега пробиено, пишува на Фејсбук, аналитичарот Ивор Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.