Да се прогласи Данела Арсовска за странски државјанин, да се игра на карта дека има бугарска лична карта за да се добие глас повеќе. Колку тоа му помогна или му одмогна на нејзиниот против кандидат Петре Шилегов? Колку таа игра го чинеше Зоран Заев? Колку таквата црна кампања и носи добро на Македонија?
Аналитичарот Ивор Мицковски смета дека фаулот со ксенофобијата и играњето на антибугарскиот сентимент со сигурност ќе направи штета на нашите позиции и лошо ќе се одрази кај нашите европски и западни партнери.
„Свесно или несвесно, со лош или погрешен тајминг, непријателски кон самите наши граѓани кои имаат двојни државјанства и кои по примерот на Дан(и)ела беа стигматизирани и отфрлени од матичната држава, со навреда и контраргументи за Бугарија која и онака гледа да ни го загорчи животот, факт е дека власта се одлучи да заигра националистички и на антибугарски сентимент. Сега останува да видиме дали тоа е трајна определба и промена во нашите позиции кон Софија или само е глупав ПР испад кој секако ќе биде непријателски протолкуван“, напиша Мицковски во колумната за Дојче веле.
Тој вели дека за една работа СДСМ никогаш не била обвинувана, а тоа е дека е ксенофобна и националистичка, за жал со Заев и тоа дно е сега пробиено.
, за жал со Заев и тоа дно е сега пробиено.
Опасно е кога заради партиски интереси власта се подигрува со националните интереси. Јас лично сметам дека не треба да постојат двојни државјанства, особено не за политичари и функционери, но тоа е законски и тоа ова владино мнозинство не го промени – пишува Мицковски.
Тој го коментира и начинот на кој СДСМ се обиде да ги изврти обвинувањата откако увидоа дека направија голема грешка со играњето на антибугарскиот сентимент.
Откако увидоа дека направија сериозен фаул со ксенофобијата и играњето на антибугарскиот сентимент, целата партиска ПР машина се префрли на обвинувањето дека кандидатката за градоначалник на ВМРО свесно ја лажела и ја манипулирала јавноста. Немам сомнежи дека тоа е така, дека Данела или Даниела или како и да се вика, свесно не декларирала дека има бугарско државјанство и со тоа сокрила клучен податок од очите на јавноста. Но, едно е да фатиш политички противник во лага, сосема друго нешто е да ја жртвуваш, напуштиш или за 180 степени да ја промениш државната и владината позиција околу спорот со Бугарија. Особено што тоа го правиш со еден националистички и ксенофобен тон, за време на локални избори и заради твој политички профит. Тоа значи дека и ти си лажел, дотолку повеќе, што позицијата на помирливост и пријателство која си ја градел 4-5 години со Софија, сега ја отфрлаш, газиш и упропастуваш – коментира Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.