Заев нема кандидати за градоначалници зошто во СДСМ врие и нема кандидати за пораз, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека големи општини како Аеродром, Велес, Прилеп и Битола се без кандидати од страна на СДСМ.

Сите го напуштаат Заев и бродот кој тоне. Во СДСМ врие и никој не сака да губи во Аеродром затоа што Златко Марин 4 годими преплатувал на тендери, никој во Прилеп не сака да биде жртва за Заеви и Чипсио, додека во Велес знамето за предавање е одамна кренато.

СДСМ нема човек ниту за Битола. СДСМ не направи ништо за Битола. 4 години апсолутна власт, а ниту една инвестиција за градот.

На Заев му се откажуваат и најлојалните партијаши затоа што никој не сака да гори за мафијата која 4 години краде, лаже и рекетира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, секаде за каде што Заев извади кандидати тој оди со стари и истрошени кадри.

Наспроти тоа ВМРО-ДПМНЕ нуди успешни луѓе, професионалци, чесни и со големо знаење.

И во СДСМ знаат дека губат. И во СДСМ е кренато белото знаме. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе, се вели во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.