Нема потреба да се одложуваат ниту пописот ниту локалните избори, тоа се два процеса кои што течат паралелно, вели Стефан Васев од СДСМ, одговарајќи на новнарско прашње дали е можно пописот да се злоупотреби за избори од било која партија. Според него, пописот е статистичка операција кој не смее да се политизира.
Договор е помеѓу двајцата лидери дека на тој датум ќе се одржат (локални избори), односно во тој период ќе се одржи статистичката операција – спроведување на попис и мислам дека коректно е од политичарите, пред се мислам и на Мицкоски затоа што најчесто од нивна страна доаѓа политизирање на одредени аспекти за пописот да не се користат за политички цели. Тоа е статистичка операција, рече Васев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.