СДСМ со пратеничките листи не нуди ништо ново освен продолжение на политичката кариера на криминалната банда која е на власт веќе три години, се вели во денешното партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, од каде додаваат дека истрошените кадри на СДСМ не се способни за ништо друго освен криминал, економски колапс и неспособност да се остварат дадените ветувања пред граѓаните.
СДСМ нема капацитет и човечки потенцијал. СДСМ нема нова енергија и нови кадри. СДСМ очајно се обидува да ја спаси кожата на компромитираните кадри и да обезбеди нивен политички имунитет. Носителите на листите единствено можат да се пофалат со огромни скандали и афери во политички кариери и ништо конструктивно направено за државата освен штитење на личните интереси.
Заев е единствениот лидер аболициран за тежок криминал. Николовски го уништи земјоделието. Шекеринска е дел од криминалната транзиција. Спасовски е најнеуспешниот министер за внатрешни работи. Никола Димитров го растури МНР и го потпиша штетниот Преспански договор, а Мила Цароска со своите нелегални активности во министерството за труд и социјала е олицетворение на неспособност, лицемерие, криминал, лаги и манипулации.
Посебна приказна се луѓето на листите како Панчо Минов и Зеќир Рамчиловиќ кои се синоним за морална ерозија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, со вакви кадри поразот на СДСМ е очигледен и неизбежен.
СДСМ не успеа да понуди ништо ново освен еден континуитет на лагите, измамите и манипулациите. Обновата доаѓа на 12 април со пораз на компромитираните кадри на СДСМ. Македонија ќе победи и ќе ги испрати СДСМ засекогаш на политичкото буниште каде што и заслужуваат да бидат. Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за обнова, а гласот за СДСM е глас за криминалот кој мора да биде поразен. СДСM не се менува и останува партија заробена од Заев и Шекеринска кои се последните остатоци на криминалната транзиција. За спас на Македонија, транзициските криминалци мора да бидат казнети за штетите кои ги направија, порачуваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.