Пиши-бриши политиката на СДСМ се пресликува и во организација на фалсификуваниот попис. По реакциите на јавноста и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека на партиски Фејсбук страници се регрутираат партиски војници за спроведување на пописот, ограноците на СДСМ ги избришаа конкурсите од Статистика.

Но тоа не траеше долго – сепак, пописот мора да се спроведе политички, па СДСМ нема време за губење и синоќа на офиццијалната страница на СДСМ на Фејсбук повторно беше објавен конкурсот. Со повик до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го сторат истото.

Стоп за партиските блокади на Мицкоски!
Ги повикуваме сите граѓани, сите заедници, сите партии и секој заинтересиран за подобра македонска иднина, сите да се вклучат во споделување на повикот за попишувачи објавен од Државниот завод за статистика.
Потребни се попишувачи кои ќе се пријават на јавен, отворен, транспарентен и државен повик.
Ги повикуваме и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го споделат овој повик и сите следни повици поврзани со пописот. Конечно, Мицкоски и ДПМНЕ да се откажат од блокадите, да ги повикаат граѓаните да се попишат, наместо да коваат планови за бојкот за кои и самите знаат дека нема да им успеат.
Огласот е државен, секој има право да се пријави, секој може и треба да го промовира.
Повеќе информации за конкурсот
https://popis2021.stat.gov.mk/konkursi/Konkurs-Popis2021.pdf



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.