СДСМ манипулира со народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека власта во текот на изминативе неколку дена прави се за да не се расправа за модуларната болница во Тетово, каде живот изгубија 14 наши сограѓани.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави барање за дополнување на дневен ред за расправа на комисијата за труд и социјална работа со барање за доставување на информации околу несреќата во Тетово. Претседателот на комисијата иако го стави на дневен ред ова барање, СДСМ гласаше против, со што не прифати да се зборува за несреќата во Тетово.
Пратеничката група на СДСМ постапи исто како Зоран Заев за кого несреќата е банална.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ откако ги исцрпи сите претходни механизми достави барање за формирање на анкетна комисија за случајот во Тетово.
Враќање во јавноста на теми како неработен ден недела е се со цел јавноста да не дознае дека СДСМ сакаше да го угуши секој еден глас за несреќата во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека власта може да го одбие и ова барање за анкетна комисија, но со тоа само ќе потврди дека народот не им е на прво место, туку голиот популизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.